1 (67) ■ вести > свет ■ 21-Sep 08:19 -> 23-Sep 19:00
.
.
.
.

Од израелските напади врз Либан загинаа 50 лица, ранети се 300 - Хезболах врати со бројни ракети

  • Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

  • Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток

  • Нетанјаху: Го погодивме Хезболах на начин што не можеа ни да замислат

Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а повеќе од 300 се ранети, вклучително и деца, жени и медицински работници, во насилните . Ова се најмоќните воздушни напади против Хезболах од војната меѓу Израел и исламистичката милитантна група во 2006 година.

Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе направи се што може“ за да избегне проширување на конфликтот.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел „постапил против Хезболах на начин што не можеле ни да замислат“.

2 (9) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 16:31 -> 23-Sep 19:00
.
.
.
.

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

  • По пријавите за стомачни тегоби во Воената академија, ќе се испитува договорот со фирмата за исхрана на припадниците на Армијата

Во Министерството за одбрана (МО) е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана (МО) информира дека е формирана специјална Комисија која ќе ги испитува сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО. Ова следува откако пред десетина дена питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и лица од Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово пријавија стомачни тегоби по консумирање храна во објектите.

5 (13) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 14:42 -> 23-Sep 16:21
.
.
.
.

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

  • Мицкоски: Целта на оваа влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.

Дозволете ми во својство на Претседател на Националниот совет за развој да ја отворам втората седница на Советот.

6 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 11:42 -> 23-Sep 16:13
.
.
.
.

Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени

  • ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

  • Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

  • ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

​Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица.

Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

ДРАГАН МИШЕВ Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

11 (7) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 11:00 -> 23-Sep 18:29
.
.
.
.

Митева: Пратениците на СДСМ да го потпишат барањето и Илире Даути да го стави законот за бранителите на дневен ред

  • Илире Даути да го стави Законот за бранители на собраниска седница, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикуваат пратениците од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), членови на истата комисијата да се потпишат на барањето до претседателката на ова тело, Илире Даути од коалицијата „Европски фронт“ да свика седница и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства по скратена постапка да го стави на дневен ред.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваат пратениците од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Илире Даути од коалицијата „Европски фронт“ да свика седница.

13 (7) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 15:06 -> 23-Sep 16:24
.
.
.
.

Филипче-Спиропали: Северна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

  • ▷ Филипче-Спиропали: Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

179 (6) ■ бизнис > економија ■ 21-Sep 07:30 -> 21-Sep 11:42
.
.
.
.

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

  • ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ: Владата ја спакува есенската кошница со 73 производи кои ќе бидат поевтини до 31 октомври

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа . Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.