1 (36) ■ вести > македонија > регион ■ 09-Jan 10:34 -> 09-Jan 16:40
.
.
.
.

МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија

  • МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата

  • Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија

  • Филипче: Неприфатлив е секој обид за негирање на македонската посебност

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија остро реагираше на објавата на лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, објавена на социјалната мрежа Facebook.

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет, вели лидерот на СДСМ Филипче на социјалните мрежи.

5 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jan 13:49 -> 09-Jan 16:28
.
.
.
.

ФИЛИПЧЕ: Нашите мерки беа насочени кон богатење на граѓаните, а на сегашната влада се целосно насочени кон богатење на елитата

  • ФИЛИПЧЕ: Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре

  • Филипче: Верував дека ВМРО-ДПМНЕ има план за евроинтеграциите, но тоа се покажа како неточно

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ ја потенцираше разликата меѓу политиките на СДСМ и актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека граѓаните сè повеќе ја чувствуваат тежината на штетните економски политики на Владата.

Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери.

2024 година беше обележана со целосно неконтролирани покачувања на цените во маркетите, кои претставуваа директен удар врз џебот на македонските семејства.

9 (24) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 15:35
.
.
.
.

Бајден најави проширување на санкциите за Западен Балкан, ќе се санкционираат и поткопувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден го прошири опсегот на санкциите за дестабилизација на Западен Балкан

На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.

10 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-Jan 12:06 -> 09-Jan 14:33
.
.
.
.

МВР предупредува: Како да се заштитите од телефонски измами

  • МВР: Се презмаат мерки против телефонските измами, граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. -Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон.

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

36 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-Jan 12:31 -> 09-Jan 14:25
.
.
.
.

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

  • 🎥 МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРАВИ ПРОИЗВОДИ СО ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА Ангел Анѓушев во Бизнис клуб вели дека помина времето на евтина работна рака во земјава

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.