1 (42) ■ вести > македонија > регион ■ 09-Jan 10:34 -> 09-Jan 20:48
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање

  • Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија

  • МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата

  • МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија

Ова е непристоен предлог.

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарска бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија остро реагираше на објавата на лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, објавена на социјалната мрежа Facebook.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.

2 (28) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 14:37 -> 09-Jan 20:22
.
.
.
.

Јаневска: Нарачаните магистерски и докторски трудови мора да запрат, МОН воведува мониторинг во високото образование

  • Најголем буџет досега: 38 милијарди денари за образованието и науката во 2025 година

  • Се доработува повлечениот предлог-закон за средно образование, членот за интонирање на химната може и да се изостави, вели Јаневска

Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре.

Образованието во 2025 година ќе се финансира со буџет од 38 милијарди денари.

Предлог-законот за средно образование во моментов се доработува, рече на денешната прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска и очекува до крајот на месецот тој да биде готов и повторно да се врати во собраниска процедура.

8 (9) ■ вести > свет ■ 07-Jan 14:02 -> 09-Jan 20:14
.
.
.
.

Пет американски претседатели на државниот погреб на Џими Картер

  • Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и му се восхитуваа работата по заминувањето од Белата куќа, беше човек на кого искреноста и добрината му беа поважни од политиката, беше истакнато во четвртокот. на неговото државно испраќање во Вашингтон Стотици ожалостени луѓе, вклучително и пет американски претседатели, сегашни и поранешни, се собраа на државниот погреб во Националната катедрала во Вашингтон.

Со највисоки државни почести денеска, во 9 часот по локално време, во Вашингтон започна погребната церемонија на 39-от американски претседател, Џими Картер по што ќе следи втора богослужба и ќе биде погребан во неговиот роден град Плајнс, во сојузната држава Џорџија.

10 (25) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 17:50
.
.
.
.

Бајден најави проширување на санкциите за Западен Балкан, ќе се санкционираат и поткопувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за опспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и избегнување на санкциите на американската влада, пренесува Радио Слободна Европа.

14 (53) ■ вести > свет > еу ■ 07-Jan 08:02 -> 09-Jan 14:50
.
.
.
.

Британски министер предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

  • ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници, изјави Баро по коментарите на Трамп за Гренланд

  • Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

  • Фредериксен: Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка.

Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и ГренландТрамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен во врска со посетата на синот на Доналд Трамп на арктичкиот остров, откако неговиот татко предложи приклучување на територијата кон САД.

16 (17) ■ вести > македонија > регион ■ 09-Jan 09:09 -> 09-Jan 16:41
.
.
.
.

Бугарски суд: Агенцијата за патишта е делумно виновна за автобуската несреќа на „Беса транс“

  • Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник

Бугарската државна Агенција за патишта е меѓу одговорните за трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во 2021 година, кога 45 луѓе од Македонија ги загубија животите во автобус на агенцијата „Беса транс“, кој се запали на бугарскиот автопат – ваква одлука донесе Окружниот суд во Перник, според која Агенцијата сноси 10 отсто од вината за трагедијата.

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

45 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-Jan 12:31 -> 09-Jan 14:25
.
.
.
.

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

  • 🎥 МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРАВИ ПРОИЗВОДИ СО ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА Ангел Анѓушев во Бизнис клуб вели дека помина времето на евтина работна рака во земјава

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.