Американскиот државен секретар на заминување Ентони Блинкен во средата изјави дека идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп Гренланд да стане дел од Соединетите држави „не е добра“.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд Трамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.
Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.
Премиерот на Гренланд Муте Егеде денеска во Копенхаген ќе се сретне со данскиот крал Фредерик, откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна територија на Данска.