Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја.
Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.