На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција.
Јас сум еден од основачите на партијата Десна изјави денеска сведокот Стефан Димковски.
Со сведочење на Ерол Османи, сведок на Обвинителство, во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.
Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар, кој е имотен, да инвестира, да се заврши зградата „Тифани”, изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.