Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени. Biznisvesti