На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело “оддавање службена тајна”, по член 360 од КЗ. При претресот пронајдени се пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парчиња разновидна муниција, над 20.000 евра и службена документација, односно оперативни извештаи кои во себе содржат класифицирани информации, меѓу другото и за граничното работење, анализи на рутите за мигранти итн.
Вчера од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна”, по член 360 од КЗ, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „При претресот пронајдени се пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парчиња разновидна муниција, над 20.000 евра и службена документација, односно оперативни извештаи кои во себе содржат класифицирани информации, меѓу другото и за граничното работење, анализи на рутите за мигранти итн.