Долгоочекуваниот прекин на огнот во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари по едночасовно одложување, нагласувајќи ја кревкоста на договорот меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичката група. по неколкумесечни преговори, е првиот чекор во повеќефазен процес чија цел е да се стави крај на 15-месечниот конфликт во Газа.
Лидерите на Г7 го опишаа договорот за прекин на огнот во Газа како „важна вест“ и ги повикаа Хамас и Израел да работат на неговото „целосно спроведување“.
Стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, закажан за 7 часот и 30 минути утринава, е одложено бидејќи палестинскиот Хамас се уште не доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот, како што бараше Израел, објави агенцијата АФП.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас не ја исполнил својата обврска да ги даде имињата на тројцата заложници што требаше да ги ослободи подоцна во текот на денот во замена за голем број палестински затвореници.