1 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jul 14:10 -> 25-Jul 20:30
.
.
.
.

Гаши денес е отпуштен од болница

  • Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

  • Гаши: Се враќам на извршување на моите јавни должности

Собранието информира дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши е добра и стабилна.

Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

7 (21) ■ вести > свет > политика ■ 24-Jul 22:37 -> 25-Jul 18:34
.
.
.
.

Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава, Израел и Хамас веднаш реагираа

  • Макрон: Франција во септември ќе ја признае државата Палестина

  • Макрон: Франција ќе ја признае палестинската држава во септември

Верен на својата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина – вака преку социјалните мрежи, францускиот претседател Макрон ја соопшти одлуката.

Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Франција официјално ќе ја признае палестинската држава во септември, изјави претседателот Емануел Макрон, со што ќе стане првата земја од Г7 што ќе го стори тоа.

9 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Jul 08:00 -> 25-Jul 17:12
.
.
.
.

Перински во Гевгелија: Инфраструктурниот бум е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни

  • Мицкоски: Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

Денеска во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот, Андон Сарамандов и министерот за транспорт, Александар Николовски, присуствуваа на увид во градежните активности на три значајни инфраструктурни проекти.

Гевгелија денес беше домаќин на свечено пуштање во употреба на новата обиколница – улицата „Свети Климент Охридски“, капитален инфраструктурен проект во вредност од над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра). Новиот западен булевар претставува значајна сообраќајна артерија која, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе придонесе за подобар економски и секојдневен живот во градот.

10 (35) ■ вести > свет ■ 24-Jul 07:53 -> 25-Jul 14:00
.
.
.
.

Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница

  • Премиерот на Камбоџа испрати писмо до Советот за безбедност на ОН за итен одговор на вооружените судири со Тајланд

  • Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници

  • Зошто границата меѓу Тајланд и Камбоџа и понатаму е спорна?

Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.

Премиерот на Камбоџа Хун Сен испрати писмо до постојаниот претставник на Пакистан во ОН и претставник на Советот за безбедност, во кое бара итен одговор на непријателските дејствија од страна на Тајланд, објавија камбоџанските медиуми.

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.

Најмалку 12 лица загинаа во вооружениот судир меѓу Тајланд и Камбоџа, кој почна рано утрово, објавија армиите на двете земји тврдејќи дека првите истрели биле лансирани од другата страна.

11 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Jul 17:52 -> 25-Jul 19:24
.
.
.
.

Велешкиот суд изрече две затворски казни за предизвикан пожар во 2019 над езерото „Младост“

  • Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Основниот суд Велес попладнево ги осуди правното лице „Реал градба“, како и нејзиниот сопственик, Тасе Илиевски и вработениот Марјан Ангелов, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ во август 2019 година.

Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот Тасе Илиевски, и 58-годишниот вработен Марјан Ангелов, се виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ кај Велес во август 2019, пресуди попладнево Основен суд Велес.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија