Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.
Индија истрела ракети преку границата кон територија контролирана од Пакистан на најмалку три локации рано утрово, а пакистанските власти велат дека најмалку 19 лица се убиени.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.
Шефот на индиската диопломатија, Субраманџам Џајшанкар, денеска изјави дека светот „мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“.