Нов закон за култура подговува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.
Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата на кои заинтересираните апликанти до 31 октомври ќе може да се пријават електронски преку националниот портал за е-услуги.