1 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

2 (30) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 00:09
.
.
.
.

МВР за убиството во Штип: Уапсени и помагачите на сторителот

  • Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

  • УАПСЕН Е ПИШТОЛЏИЈАТА ОД ШТИП, ПРОНАЈДЕНО И ОРУЖЈЕТО Почина застреланиот 25-годишен студент

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што . Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип, извести Основното обвинителство во Штип.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

4 (52) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 09-May 22:16
.
.
.
.

ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • Филипче: Случувањата во владината коалиција не се наша работа, СДСМ се подготвува за избори

  • Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче-СДС измислува анкети

  • Таравари дефинитивно ја напушта Владата поради нарушена доверба со поранешните партнери во ВЛЕН!

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги коментираше последните нарушени односи во Владата, и најавеното излегување на Арбен Таравари од коалицијата.

СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки.

Иако и Мицкоски направил обид да посредува меѓу довчерашните партнери во ВЛЕН, со цел оваа коалиција да биде поконкурентна во однос на ДУИ на локалните избори, сепак, не успеал да го премости јазот меѓу нив, поради што само треба да се официјализира преселбата на Таравари во опозиција, велат владини извори за „Фокус“.

8 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 18:51
.
.
.
.

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

  • Македонија и Србија со заеднички гранични контроли на Табановце – Прешево

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

10 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 20:01 -> 09-May 20:24
.
.
.
.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ по 21 пат на градски плоштад во Куманово

  • Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово

По 21 пат, утре со почеток во 10: 00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи овогодишното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, информираа денеска Фондацијата за култура и спорт „Куманово“.

СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.

15 (6) ■ вести > македонија > политика > религија ■ 09-May 18:02 -> 09-May 21:05
.
.
.
.

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

  • ПАТРИЈАРХОТ ПОРФИРИЈ: Историски, епархиите на територија на Македонија и припаѓале на СПЦ само од 1920 до 1967 г.

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла на зборот, изјави српскиот патријарх Порфириј во интервју за рускиот теолошки портал „Богослов.ру“, дадено за време на неговата неодамнешна посета на Русија.

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла на зборот, изјави српскиот патријарх Порфириј во интервју за рускиот теолошки портал „Богослов.ру“, дадено за време на неговата неодамнешна посета на Русија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

50 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.