На 09.04.2025 во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока.
Вчера во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Притоа, како што е наведено таму, на косовска страна била извршена контрола на возило комби „фолксваген” со косовски национални ознаки и биле пронајдени повеќе од 100 пакети текстилна и друга стока, по што од слобода бил лишен возачот.