1 (20) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 11-Feb 12:52 -> 11-Feb 14:41
.
.
.
.

Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација

  • Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани

  • Јаневска: преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Министерството за образование и наука денеска промовираше мобилна апликација за пристап до електронскиот дневник (Е-Дневник) наменет за над 200 илјади родители и старатели, што ќе им овозможи брзо и лесно да го следат образовниот напредок на децата.

Министерството за образование и наука деновиве на училиштата ќе им достави упатство како треба да се постапува во случај на хибридни закани.

Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата, изјави министерката Јаневска.

3 (4) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 13:54 -> 11-Feb 14:35
.
.
.
.

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 55 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Повеќе од 20.000 семејства ќе добијат чиста струја

  • АД ЕСМ наскоро со два нови капацитетa за производство на обновлива енергија

Почнува процесот за изградба на фотоволтаичната централа „Битола 2“ и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“.

Со денешното потпишување на сепаратните проектни договори меѓу АД ЕСМ и германската КфВ банка почнува процесот за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“ за што претходно лани во декември беше обезбеден заем од 55 милиони евра од Банката со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс период од 5 години.

4 (8) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 12:54 -> 11-Feb 14:32
.
.
.
.

Мицкоски: Извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата основа за подобрување на позицијата на земјава

  • Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Падот од два индексни поени на Македонија во извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата за 2024 година, за премиерот Христијан Мицкоски е очекуван, а извештајот претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или полоши и основа за подобрување на позицијата.

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата против корупцијата, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека е добро што се само два поена.

5 (5) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 11-Feb 13:25 -> 11-Feb 14:26
.
.
.
.

Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава

  • ▷ Над 900 казни за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава

Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера (10.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.

Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера (10.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.

14 (4) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 13:35 -> 11-Feb 14:40
.
.
.
.

Можна средба Муцунски-Георгиев на маргините на Безбедносната конференција во Минхен

  • ▷ Можна средба Муцунски – Георгиев на маргините на Безбедносната конференција во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14 февруари.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14 февруари.

16 (8) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 11:42 -> 11-Feb 12:57
.
.
.
.

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

  • НЕЗАКОНСКИ Е УЛИЦА ДА СЕ ВИКА „КОНГРЕСИ И МАНАСТИРИТ“ Сојузот на борците ги даде на Уставен суд имињата на тетовските улици

Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово информира дека денесka поднеле Иницијатива за оценување на уставност и законитост на Одлуката на Советот на Општина Тетово бр. 07-766/4 од 24.04.2007 година која се однесува на промена на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката на Советот на Општина Тетово од април 2007 година, со која се променија имињата на повеќе улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

749703229 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 11-Feb 11:30 -> 11-Feb 14:18
.
.
.
.

Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци

  • „SPORT LIFE“ ОБЕЗБЕДИ СТИПЕНДИИ ЗА ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЈЦИ

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). , се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.