1 (34) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 11:00
.
.
.
.

Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

  • Почнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе . Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

Денеска во Основен кривичен суд е закажано рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

4 (117) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 10:00
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не можеме да прифаќаме, критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

12 (5) ■ вести > свет ■ 20-Sep 07:37 -> 20-Sep 09:53
.
.
.
.

Поранешен мексикански министер оди во доживотен затвор поради земање мито од картелите со кои требал да се бори

  • Поранешен министер во Мексико му се заканува затвор поради соработка со наркокартели

Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во таа земја, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда.

Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во земјата, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда.

Повеќе од
оваа категорија

50 (8) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 20-Sep 08:24
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

  • Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија