Во неа 40 отсто од комесарите се жени, односно 11. Комисијата ќе има шест потпретседатели, од кои четири се жени: Шпанката Тереза Рибера, извршна потпретседателка за чиста, фер и конкурентна транзиција, комесарка за конкуренција; Финката Хена Виркунен, извршна потпретседател за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, комесарка за дигитални технологии и најсовремени технологии; Естонката Каја Калас, извршна потпретседателка за надворешна и безбедносна политика и висока претставничка за надворешна и одбранбена политика; Романката Роксана Минзату, извршна потпретседателка за луѓе, вештини и подготвеност, комесарка за вештини, образование, квалитетни работни места и социјални права; Французинот Стефан Сежурне, досегашен шеф на француската дипломатија, извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија, комесар за индустрија, мали и средни претпријатија и единствен пазар; и Италијанецот Рафаеле Фито, министер на Џорџа Мелони, извршен потпретседател за кохезија и реформи, комесар за кохезиона политика, регионален развој и градови.