Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што би претставувало огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара и неговите напори за стабилизирање на земјата разурната од војна.