1 (8) ■ спорт > кошарка ■ 09-Apr 19:45 -> 10-Apr 08:48
.
.
.
.

ВИДЕО Триумфалното враќање на Дончиќ во Далас: прво заплака, а потоа доминираше

  • Спектакл во Далас: Лука засекогаш – Дончиќ даде 45 поени против екс-тимот и доби овации во салата (видео)

ЛУКА ДОНЧИЌ (26) првпат играше во Далас против Мавси, клубот во кој се прослави, каде што беше супезвезда и во кој помина пет и пол години.

Долго се чекаше на првото гостување на Лука Дончиќ со ЛА Лејкерс назад во Далас, а синоќешниот дуел сигурно долго ќе биде прераскажуван во американската јавност.

3 (82) ■ вести > свет ■ 08-Apr 07:53 -> 10-Apr 08:47
.
.
.
.

Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

  • Бела куќа: Речиси 70 земји бараат трговски преговори со САД

  • Како во пракса функционираат царините на Трамп

  • ВИДЕО: Што ќе однесат новите царини и кој ќе ја плати сметкта

Се разгорува трговската војна меѓу САД и Кина.

Речиси 70 земји ѝ пристапија на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со барање за почеток на трговски преговори, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

Доналд Трамп воведе царини за стоки во вредност од стотици милијарди долари, пред се од Кина, со цел, како што тврди, „да ги заштити американските работници и индустријата“.

Доналд Трамп воведе царини на стоки во вредност од стотици милијарди долари, пред се од Кина, со цел, како што тврди, „да ги заштити американските работници и индустријата“.

7 (32) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-Apr 13:01 -> 09-Apr 17:44
.
.
.
.

Кривична за штипски затворски полицајци вмешани во внес на дрога во затворот

  • Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

  • Пандов: Во затворите имаме богати криминалци, даваат по илјадници евра за телефон!

  • Затворски чувари му помагале на Жан Железарски да си ја најде дрогата, наводно барале часовник што го однела кучката Цеца

Директорот на Управата за санкции Александар Пандов поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип оти во февруари дозволиле непознат автомобил да влезе преку една од капиите и преку ѕидот да фрли кокаин и марихуана спакувани во топка, а потоа затворски полицајци заедно со затвореници ја барале топката во тревникот.

Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши.

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска вели дека затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во Македонија.

Двајца дошле со кола пред втората од трите капии на штипскиот затвор, фрлиле дрога преку оградата, а затворскиот полицаец не го запишал возилото.

8 (26) ■ вести > македонија ■ 09-Apr 12:02 -> 10-Apr 08:07
.
.
.
.

Деаноски: Владата е подготвена до средината на мај да бидат потпишани колективните договори за додатоци на плата

  • Синдикатите на средба во Влада – Трендафилов: ССМ денеска ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?

  • Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката

Владата е подготвена до средината на следниот месец да бидат потпишани колективните договори со кои ќе се овозможи етапна исплата на додаток на плата од 30 проценти за вработените во државната управа, освен правосудството.

Слободан Трендафилов од ССМ, денеска пред средбата во Владата, даде изјава во која ече дека на состанок ќе праша до каде е зголемување на платите на работниците, односно зголемување на минималната плата.

Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата.

12 (22) ■ вести > македонија > хроника ■ 08-Apr 13:04 -> 09-Apr 11:02
.
.
.
.

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

  • Камбовски: Побаравме увид во предметот за пресудата за Теодора, ќе реагираме доколку има пропусти

  • Филков: Судскиот совет е повикан да реагира по реакциите за пресудата за Теодора

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски вели дека побарале увид во предметот за пресудата за Теодора Ристевска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово.

„Уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе“, вака министерот за правда Игор Филков ја коментираше пресудата на судијата Ељведин Ферати кој вчера донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор.

Повеќе од
оваа категорија

10 (14) ■ спорт ■ 08-Apr 12:09 -> 09-Apr 20:57
.
.
.
.

Ѓоковиќ по дебаклот: Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова!

  • Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ загуби во второто коло!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран на стартот на мастерсот во Монте Карло од Чилеанецот Алехандро Табило со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6. Ѓоковиќ на почетокот на прес-конференцијата им се извини на навивачите поради неговиот катастрофален настап.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше шокиран од Алехандро Табило во второто коло од мастерсот во Монте Карло со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6. Ѓоковиќ го почна мечот со брејк на противнички сервис (1-0), но Табило веднаш возврати и израмни на 1-1, по што следеше израмнета игра до шестиот гем, кога Чилеанецот направи уште еден брејк, а потоа сервираше без проблеми за 6-3. Табило ја искористи втората брејк-шанса на сервисот на Србинот во третиот гем (2-1), по што Србинот пропушти шанса да му се реваншира на ривалот и да израмни на 4-4. Чилеанецот ги искористи слабостите кај ривалот и потоа ги постави конечните 6-4 за пласман во осминафинале.

Повеќе од
оваа категорија

173 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 08-Apr 11:46 -> 08-Apr 14:16
.
.
.

Алкалоид и универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

  • АЛКАЛОИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Фокусот ќе биде на одржливи фармацевтски пакувања

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски; деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.