1 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Mar 10:21 -> 16-Mar 12:11
.
.
.
.

Изјава на обвинителот Коцевски по пожарот во дискотека во Кочани

  • Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Изјава на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски во Кочани, по пожарот во дискотеката во која загинаа 51 лице.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.

3 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 11:12 -> 16-Mar 12:16
.
.
.
.

Сместување во дом и училиште во скопска Гази Баба за семејствата на повредените од Кочани

  • Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Семејствата на повредените деца од пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Скопје, ќе можат да се сместат во капацитетите на училиштето „Партенија Зографски“ и студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ во скопската општина Гази Баба, пренесува агенцијата . Од таму денеска информираа дека сите граѓани кои имаат потреба од престој и храна можат да се обратат кај Игор Петрески, претставник на „Партенија Зографски“ на бројот 075430106, кај директорот на студенскиот дом Иван Симоновски на 078292582 и кај Перица Пешевски од општината Гази Баба на 075336338.

Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје!

7 (22) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:07 -> 16-Mar 12:26
.
.
.
.

ТОШКОВСКИ: За трагедијата ќе се утврди одговорност со име и презиме, приведени се лица со кои се разговара за пожарот

  • Тошковски: Има приведени во врска со пожарот во кој загина 51 лице, ве уверувам дека одговорност ќе има

  • Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Ќе се утврди одговорност, со име и презиме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Повеќе од
оваа категорија

46 (22) ■ спорт > фудбал ■ 15-Mar 10:16 -> 15-Mar 16:46
.
.
.
.

Масар Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ до 2029 година

  • Омерагиќ: Собранието е наша заедничка одговорност за создавање на поголеми успеси во мак-фудбалот

  • Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби нов претседател во следниот четиригодишен мандат.

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание на кое Масар Омерагиќ ќе добие доверба од делегатите за продолжување на мандатот за прв човек на Куќата на фудбалот.

Масар Омерагиќ, единствениот кандидат за четиригодишен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното Изборно собрание се осврна на состојбата која ја затекна од неговото доаѓање во „Куќата на фудбалот“ на 22 декември 2024 година - По речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено, искрено и одговорно.

Повеќе од
оваа категорија