Судот во Париз ја прогласи Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент и ја осуди на четири години затвор, а пет години и е забрането да учествува на избори.
Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН). Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на РН во Европскиот парламент вработуваат луѓе кои работат за партијата на Ле Пен.
Лидерката на француската партија Национален собир (РН), Мари Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.
Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си. Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната.