1 (58) ■ вести > балкан > регион ■ 02-Oct 15:04 -> 04-Oct 19:59
.
.
.
.

(ВИДЕО) СТРАОТНО: Поплавата во Босна однесе куќа, останаа само скалите

  • Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

  • (ФОТО+ВИДЕО) Неколку лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина

  • 🎥 СО ХЕЛИКОПТЕР СПАСЕНО ДЕТЕ, ИЗГУБЕН КОНТАКТ СО ЗАРОБЕН ВО ВОЗИЛО Драматични спасувачки акции по поплавите во Босна

Поплавата во Босна и Херцеговина(БиХ) однесе куќа, а само скалите и оградата останаа недопрени.

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

Неколку лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика свлечишта, одрони и одлив на реки во некои од централните и јужните подрачја во Босна и Херцеговина.

Поплавите и свлечиштата им предизвикаа сериозни проблеми и штети на жителите на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево во Босна и Херцеговина.

4 (117) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 04-Oct 19:38
.
.
.
.

Ден на жалост денеска во Прилеп: Градот тагува по тројцата загинати лекари

  • Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост

  • Магистралниот пат Битола – Прилеп, кај клучката„Лагово“ затворен за сообраќај

Денеска петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп,петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

Магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучката „Лагово“ е затворен за сообраќај.

5 (84) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 07:15 -> 04-Oct 19:56
.
.
.
.

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори

  • СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

  • СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес, најави Мицкоски . Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега најкомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ велат од СДСМ по денешната изјава на премиерот во врска со барањето на Филипче за затворена седница за евроинтеграциите.

Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците, велат од СДСМ, додавајќи дека и покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки.

6 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Oct 10:18 -> 04-Oct 19:52
.
.
.
.

Таравари се надева дека на почетокот на идната година ќе има две катни гаражи во кругот на Клинички центар

  • Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело

  • Лекари од приватните клиники ќе можат да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година

Катните гаражи што треба да бидат во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе се градат преку јавно-приватно партнерство, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари давајќи отчет за сработеното во првите 100 дена откако е на чело на министерството.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи.

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

7 (167) ■ вести > свет ■ 02-Oct 07:06 -> 04-Oct 20:26
.
.
.
.

Израел тврди дека погодил штаб на разузнавањето на Хезболах во Бејрут

  • ОН со целосна поддршка за Гутереш по прогласувањето за „персона нон грата“ во Израел

  • Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

  • МНР: Македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан

Израелската војска соопшти дека денеска го погодила штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут во серија напади насочени кон позициите на групата во либанскиот главен град.

Советот за безбедност на ОН синоќа изрази целосна поддршка за генералниот секретар Антонио Гутереш, откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи за “персона нон грата” во Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

8 (92) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 09:12 -> 04-Oct 19:57
.
.
.
.

Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

  • Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

  • Мицкоски: Очекував поголема креативност од Ахмети, жалам што ја спореди партијата со гума за спасување

  • “Не сум јас резервна гума” Ахмети сега не сака во влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача денеска лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека ДУИ пополека се навикнуваат на опозиција, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која ја повика Влен да излезе од Влада и да се приклучи на опозицијата.

Европскиот фронт денеска во Скопје организираше настани за првите 100 дена од власта со моноетнички легитимитет исполнети со скандали, неуспеси, омаловажувања и понижувања.

13 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 13:22 -> 04-Oct 16:45
.
.
.
.

Кривична пријава против шест затворски полицајци за овозможување бегство на затвореник

  • Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. Според информациите, пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С.. Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И. И. (37), Ј. А. (36), И. Ј. (50), Д. П. (34), Ф. Б. (31) и В. Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. -Пријавените И. И. и Ј. А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 1 февруари 2023 година, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И. И. и Ј. А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј. Р. , И. Ј. , Н. Б. , С. С. , Р. К. , И. Р. и Е. С. , соопшти МВР.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

232 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

233 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

295 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Oct 14:15 -> 02-Oct 21:10
.
.
.
.

“Кажи YES за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка“: Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3%

  • Кажи „YES“ за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапкиПочнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.

Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3% Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.