1 (112) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Oct 08:51 -> 14-Oct 18:19
.
.
.
.

Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран

  • Видевски од болница вратен во Шутка, судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделик

  • Мајката на малолетната Вања и роднини на велешанецот Жежовски треба да сведочат вo понеделник во суд

  • В понеделник продолжува судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска, ќе сведочи мајката

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска - Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот.

Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена лани во ноември и роднини на убиениот Панче Жежовски треба да сведочат на судското рочиште за двојното убиство коешто е закажано за вo понеделник.

Судскиот процес за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува со сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, в понеделник.

3 (18) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 15:24 -> 14-Oct 19:04
.
.
.
.

Таравари: Лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

  • Задоцнета кислородна поддршка, превид за хоспитализација – стручна комисија при МЗ за причините за смртта на 14-месечното бебе

Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.

Задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација, констатираше стручната Комисија на Министерството за здравство.

6 (11) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 17:58
.
.
.
.

Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста

  • Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од приоритетите на Владата

Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП). На настанот на кој што беа претставени резултатите одистражувањето, Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање е подготвено да им помогне на единиците на локалните самоуправи во планирањето и спроведувањето на ефективни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нивните општини.

7 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 13:44 -> 14-Oct 19:17
.
.
.
.

ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе ги преиспита наводните злоупотреби

  • СДСМ: Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

  • Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

  • СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.

Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите.

Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините.

Скандалот во ЈДПД со поставувањето партиски кадри на Трајановски и ДПМНЕ се проширува.

11 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 14:15 -> 14-Oct 15:17
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелената” партија ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните

  • ДУИ секојдневно најавува тензии поради укинувањето на балансерот

  • Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

  • ДУИ се мобилизира за протести, владата подготвена да ги пресретне обидите за дестабилизација, вели премиерот

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.

Можни се тензии по укинувањето на балансерот.

Поранешниот министер за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши, не сака да го коментира образложението на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.

Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне.

13 (10) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 17:35
.
.
.
.

Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет

  • Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Македонскиот јазик е наше национално идентитетско обележје што системски ќе го негуваме, заштитуваме, унапредуваме и афирмираме.

На почетокот на манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, која ќе се одржува во Скопје, до 18 октомври, свое обраќање имаше директорката на Институтот за македонски јазик проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, која истакна дека оваа година се одбележуваат 150 години од раѓањето на патронот Крсте Мисирков и 80 години од прогласувањето на македонската држава и на македонскиот јазик како службен, кодифициран јазик во неа.

Повеќе од
оваа категорија

168 (4) ■ спорт > фудбал ■ 13-Oct 11:31 -> 13-Oct 14:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македониј

  • 31 година репрезентација: Денот кога фудбалерите гордо ја отслушаа „Денес над Македонија“

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

На 13 октомври, 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот фудбалски меч по осамостојувањето и во историски дуел со убедливи 4-1 славеше над домаќинот . Предводена од легендарниот селектор Андон Дончевски, генерацијата на Дарко Панчев, Илија Најдоски, , Чеде Јаневски, Зоран Бошковски пред околу 3.000 гледачи го одигра првиот фудбалски танц под национално знаме, стоеше гордо на македонската химна и дојде до првата победа.