Во Белград, со голем церемонијал беше пуштен во употреба Македонскиот културно-информативен центар, во присуство на министрите за култура на Македонија и Србија, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.
„Ајде, слушаш слушај..“ беше насловена пригодната програма со која синоќа во Белград свечено беше отворен макeдонскиот Културно-информативен центар – новиот дом на македонската култура, јазик, уметност и традиција, во главниот град на Република Србија На отворањето пред многубројните гости свои обраќања имаа потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ, министрот за култура и туризам Зоран Љутков, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчевски и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.