1 (7) ■ вести > македонија ■ 26-Jul 21:41 -> 27-Jul 01:01
.
.
.
.

Затворен ЕМОФ 2025, Италија најуспешна нација на фестивалот!

  • ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството

Пред спортскиот центар „Јане Сандански“, со емотивна и инспиративна церемонија, вечерва беше свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025.

Пред спортскиот центар „Јане Сандански”, со емотивна и инспиративна церемонија, вечерва беше свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025.

2 (29) ■ вести > свет ■ 25-Jul 07:41 -> 26-Jul 20:57
.
.
.
.

Камбоџа побара итно примирје во конфликтот со Тајланд пред Советот за безбедност на ОН

  • Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница

  • Тајланд предупреди дека судирите со Камбоџа би можеле да прераснат во отворена војна

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.

Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денеска изјави дека вооружените борби меѓу неговата земја и Камбоџа, во кои досега загинаа најмалку 16 луѓе, а стотици илјади се раселени, би можеле „да прераснат во отворена војна“, јави Би-Би-Си. Предупредувањето на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените борби на спорната граница влегуваат во втор ден, означувајќи драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век.

13 (4) ■ вести > македонија ■ 25-Jul 15:19 -> 26-Jul 20:49
.
.
.

МВР со показна вежба на Охридското Езеро, презентација на дел од полициската опрема пред граѓаните на Охрид

  • Симулациска вежба „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“ во рамки на караванот „До вас, за вас“

Со показна вжеба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници . Со показна вжеба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи, попладнево во Охрид беше реализирана активноста на МВР насловена „До Вас, за Вас“.

На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“, велат од ЦУК.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија