1 (9) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 17:59 -> 22-Jan 19:30
.
.
.
.

Божиновска на средба со Агелер

  • Министерката Божиновска и амбасадорката Агелер: Силно партнерство со САД - Разговори за енергетска иднина

Важна е поддршката од Соединетите Американски Држави (САД) во справувањето со енергетските предизвици.

Средба помеѓу министерката Сања Божиновска и амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер: Продолжување на дијалогот за енергетска соработка.

3 (25) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-Jan 10:15 -> 22-Jan 17:42
.
.
.
.

Тошковски: Се води соодветна постапка под надлежност на ЈО за тоа дали бегството на Груби било организирано

  • Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

  • Тошковски за кртовите во МВР кои ги пробиваат акциите: Ќе ги решиме

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било орагнизирано во рамки на одредена група која го организирала бегството.

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

4 (153) ■ вести > свет > политика ■ 20-Jan 08:09 -> 22-Jan 20:04
.
.
.
.

Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп

  • Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир

  • Трамп: Почнува златното доба на Америка

  • Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Украина работи на одржување средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, потврди Зеленски по говорот на Светскиот економски форум во кој ги повика европските лидери да направат повеќе за одбрана на континентот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа.

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање.

Американскиот претседател Џо Бајден ги помилува д-р Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на Претставничкиот дом кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари, користејќи специјални овластувања во последните часови од неговиот мандат, со цел да се спречат потенцијалните правни последици за тројцата по враќањето на Трамп на власт.

5 (23) ■ вести > македонија ■ 21-Jan 14:42 -> 22-Jan 16:40
.
.
.
.

Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Онкологија

  • Клековски очекува до крајот на јануари да ги има сите лекови на Онкологија

  • Клековски: Буџетот за Онклогија е зголемен, треба регистер на пациенти за содветно планирање и следење

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за МИА изјави дека се очекува до крајот на јануари да бидат обезбедени сите недостасувачки лекови на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски вели дека од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) се информирани за недостигот на одреден број лекови, откако пациенти на Клиниката претходно денеска алармираа дека се соочуваат со недостиг од биолошка терапија, јавува МИА.

6 (24) ■ вести > свет > регион ■ 21-Jan 12:33 -> 22-Jan 15:19
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности

  • Утре во Стразбур средба Фон дер Лајен – Жељазков

  • Фон дер Лајен во Давос се изјасни за прагматичен однос со Трамп и пружена рака кон Кина

Првите три недели од 2025 година се показател за промената во глобалната политика и влеговме во нова ера на сурова геостратешка конкуренција, каде имаме работа со сили со големина на континент, кои се ангажираат меѓу себе главно врз основа на интереси, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ. – Оваа нова динамика се повеќе ќе доминира во односите меѓу глобалните актери.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре во Стразбур ќе се сретне со новиот бугарски премиер Росен Жељазков, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска увери дека ЕУ ќе биде „прагматична“ во односите со САД по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

7 (81) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jan 12:31 -> 22-Jan 19:24
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски немал официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

  • Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

  • Мицкоски се сретнал со Гренел: Побарав поголемо ангажирање од нашите партнери во остварување на стратешките интереси за членството во ЕУ

  • Мицкоски со претседателот на републиканците Ватли на инаугирацијата во Вашингтон

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата.

Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, денеска се сретнал со Ричард Гренел, претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

Во приватната ложа, Премиерот Христијан Мицкоски во друштво на претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватлија ја следеше инаугирацијата на Трамп.

10 (15) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 13:05 -> 22-Jan 16:31
.
.
.
.

Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и Париз, воведуваме уште две нови дестинации на барање на дијаспората

  • Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром

Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ се воведуваат уште две нови авиолинии: Скопје – Женева Скопје – Париз (аеродром „Орли“) Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата „Изиџет“, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе почне да се оперира од 2 април, а линијата Скопје – Женева од 3 ноември оваа година.

Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

11 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jan 14:16 -> 22-Jan 18:18
.
.
.
.

Томовски: Ги повикувам СДС се што имаат да достават до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупција

  • (Видео) Костовски: Убиство во Србија-дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

  • Фирми со приход од половина милион евра добија бизнис за обезбедување на државни објекти од еден милион годишно

  • ТОМОВСКИ: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“

По денешните нови обвинувања од страна на СДСМ, директорот на СОЗР, Ивица Томовски на својот фејсбук профил тој повика сите документи кои ги имаат од СДСМ да ги достават до Јавното обвинителство и Државната комисија а спречување на корупцијата.

Денеска ќе објавиме нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски, изјави Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

Фирмата „Праеториан“ од Скопје заедно со „Фил-руж“ од Свети Николе ќе врши „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во следните три години за сума од 187 милиони денари или околу три милиони евра.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“, откако СДСМ обвини дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во текот на самата тендерска постапка.

13 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Jan 11:36 -> 22-Jan 16:35
.
.
.
.

Шест лица со кривична пријава за измама, меѓу нив и лекар и адвокат

  • Драма во болница: Пациент претепал лекар

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) од Тетово, А.П.(39) од Скопје, А.Љ.(30), С.А.(48) од Гостивар, со место на живеење во Тетово, Д.А.(25) од Тетово, Е.Ј.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение „помагање“ во врска со „измама“, а против И.Б. е поднесена и пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, а А.П. и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Вчера во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско.

15 (13) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 12:52 -> 22-Jan 15:06
.
.
.
.

ДСЗИ бара дисциплинска постапка за здравствените работници и стручен надзор во прилепската болница по смртта на близначињата

  • ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница

По вонредниот инспекциски надзор во прилепската болница, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња што починаа на 16 јануари.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

Повеќе од
оваа категорија

14 (51) ■ спорт ■ 20-Jan 08:07 -> 22-Jan 16:28
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Многумина очекуваа да се повлечам, но реков дека ќе продолжам!

  • Годините за овој човек се само бројка: Ѓоковиќ го прегази Алкараз за полуфинале во Австралија!

  • Ѓоковиќ: Го победив Алкараз со една и пол нога

  • Ѓоковиќ би можел да испише историја ако го освои трофејот во Мелбурн

Најдобриот тенисер на сите времиња уште еднаш потврди дека е најдобар.

Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка и денеска славеше поритв Карлос Алкараз на Австралија Опен со 3:1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3 и 6-4). Ѓокови добро започна и дојде до брејк уште на стартот за водство од 2:0, но Алкараз возврати и ја презема контролата, па го освои првиот сет.

Новак Ѓоковиќ (37) денеска во четвртфиналето на Австралија Опен го совлада 16 години помладиот Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Со 37 години и 243 дена, Србинот стана четвртиот најстар тенисер кој победил тенисер кој бил рангиран меѓу најдобрите тројца во светот на Грен слем.

Новак Ѓоковиќ го совлада третиот носител на турнирот Карлос Алкараз и се пласира во полуфинале на Австралијан опен, каде што ќе игра против вториот носител Александер Зверев.

Повеќе од
оваа категорија

153 (4) ■ бизнис > македонија ■ 21-Jan 12:27 -> 22-Jan 13:41
.
.
.
.

ПЕСТИЦИДИ БИЛЕ НАЈДЕНИ И ВО ПИПЕРКИ, ГРОЗЈЕ, МОРКОВИ… И покрај контролите на рафтовите се протнува небезбедна храна

  • ВО УНИШТЕНАТА ЗЕЛКА ИМАЛО ХЕМИКАЛИЈА КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ВО МАКЕДОНИЈА Со вонредна инспекција ќе се бара производителот

Во текот на целата 2024 година, Системот за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASSF), испратил вкупно 23 нотификации, од кои 13 се однесуваат на небезбедна храна по потекло од Македонија, а останатите се поради увоз на небезбедна храна.

Во свежата зелка извезена од Македонија, за која беше наредено да се уништи во Хрватска, била откриена штетна хемикалија, која најверојатно била набавена на црн пазар и е забранета за употреба во Македонија, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Плусинфо.

218 (4) ■ бизнис ■ 21-Jan 07:36 -> 21-Jan 14:58
.
.
.
.

ПРЕКУ БИЗНИСОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТРИ МОРИЊА Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

  • Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики.

257 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Jan 09:12 -> 20-Jan 11:58
.
.
.
.

Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: „Потписот на Стопанската комора има големо значење во САД“

  • М-Р Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“:„Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење и на американското тло“

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и за посетата на Стопанската комора како најстара и најмоќна бизнис-организација во Македонија од директорот на магазинот „Форбс“.

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и за посетата на Стопанската комора како најстара и најмоќна бизнис-организација во Македонија од директорот на магазинот „Форбс“.

238 (6) ■ сцена > култура ■ 20-Jan 07:23 -> 22-Jan 10:18
.
.
.
.

За наградата „Роман на годината“ во трка 43 романи

  • ▷ За наградата Роман на годината во трка 43 романи

На својата конститутивна седница, комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, која ја доделува фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, кој се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнале 43 романи.

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата Роман на годината за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.