Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, бидејќи, како што рече, повеќе ѝ служел на својата партија отколку на општото добро.
Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.