1 (160) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Oct 16:30 -> 24-Oct 19:08
.
.
.
.

Речиси сме таму – вели Фон дер Лајен за отворањето на преговорите за првиот кластер: Но, прво да поминат уставните измени

  • Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

  • Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

  • Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен приоритет за Европската комисија (ЕК) во следните пет години.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

2 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Oct 12:42 -> 24-Oct 19:04
.
.
.
.

Перински: Потегот на Струмица и на Карпош за напуштање на ЗЕЛС не е решение, тоа им штети на сите општини

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

  • Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

  • Општина Струмица и официјално се откажува од членството во ЗЕЛС – Костадинов ќе поднесе оставка од функцијата во Управниот одбор

Најавата од општините Струмица и Карпош за излегување од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе ѝ штети не само на Заедницата, туку и на сите други општини, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил истакна дека тврди оти водата во Струмица е исправна.

Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена во знак на револт поради индиферентниот однос во периодот кога струмичани се соочуваат со забрана за водата за пиење, како и по одбивањето од Владата за реализација на единствениот пријавен проект од оваа општина со средства од унгарскиот кредит.

5 (38) ■ вести > свет ■ 22-Oct 08:26 -> 24-Oct 18:04
.
.
.
.

Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп

  • 25 милиони гласачи веќе гласаа на претседателските избори во САД

  • Камала Харис: Ако Трамп победи на изборите, Путин ќе седне во Киев

  • Бајден: Трамп треба да го затвориме, ама политички

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира.

Речиси 25 милиони гласачи веќе учествуваа на претседателските избори во САД преку предвремено гласање или гласање по пошта, според податоците од Универзитетот во Флорида.

Камала Харис, демократскиот кандидат за претседател на САД изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „ќе седне во Киев“ доколку победи нејзиниот републикански противник Доналд Трамп“.

Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „затворен“, но во политичка смисла, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, на митинг на Демократската партија во државата Њу Хемпшир, каде што ги повика гласачите на претстојните претседателски избори на 5 ноември да ја поддржат Камала Харис.

6 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Oct 14:36 -> 24-Oct 15:50
.
.
.
.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВЧЕРА ГО ПОМИЛУВА, ПОЛИЦИЈАТА ДЕНЕСКА ГО ПРИВЕДЕ Акиф Равмановски ќе одговара за обид за убиство

  • Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од затвор одма уапсен за убиство

Не помина ниту еден ден откако беше помилуван од претседателката Гордана Силјановска Давкова, а Акиф Равмановски кого медиумите го поврзуваат со нарко-кланот „Барон“, денеска повторно е уапсен за обид за убиство.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ – Скопје лишија од слобода лице на кое со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, бидејќи за истото лице е поведена истрага за ново кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

9 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 15:48 -> 24-Oct 19:21
.
.
.
.

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

  • Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија

  • Историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија: Слободно ќе ги изразиме своите ставови

Почна средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, денеска, во Скопје.

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Треба да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, вели во телевизиско интервју историчарот Митко Панов, кој е еден од новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Повеќе од
оваа категорија

38 (11) ■ спорт > фудбал ■ 23-Oct 22:14 -> 24-Oct 18:25
.
.
.
.

Ристовски по изборот за фудбалер на мечот со Салцбург: Чувството е неверојатно

  • Ристовски асистира, Динамо води во Салцбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на гостински терен во 3. коло славеа над австрискиот Ред Бул Салцбург со 0-2. Во прв план на овој меч беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој беше асистент на двата гола на „модрите“.

Хрватскиот првак Динамо има голема шанса да дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите бидејќи од почетокот на второто полувреме води на гостувањето кај Салцбург со 1-0. Стрелец на голот во 49. минута беше Сандро Куленовиќ, а му асистираше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој на фантастичен начин го проигра во противничкиот шеснаесетник.

64 (20) ■ спорт > кошарка > нба ■ 22-Oct 16:48 -> 24-Oct 10:16
.
.
.
.

Леброн и Брони Џејмс за првпат играа заедно

  • ВИДЕО I Дејвис најзаслужен за победата на ЛА Лејкерс, Бостон го декласира Њујорк

  • Леброн и син му со победа ја отворија новата сезона во НБА

Долгоочекуваниот момент дојде на четири минути до крајот на првото полувреме од победата на Лејкерс против Феникс со 110-103, кога дуото беше претставено од тренерот Џеј Џеј Редик Леброн Џејмс и неговиот син Брони испишаа историја откако станаа првото дуо татко-син што го дели теренот во НБА-натпревар за време на отворањето на новата сезона на Лос Анџелес лејкерс против Минесота.

Новата сезона во НБА лигата започна со два натпревари на програмата, оној на актуелниот шампион Бостон, но и оној во „Крипто арената“ кој предизвика многу внимание.

Со кревање на 18-то шампионско знаме на НБА во бостонскиот ТД Гарден започна новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Повеќе од
оваа категорија

62 (3) ■ бизнис > мои пари ■ 24-Oct 12:40 -> 24-Oct 13:24
.
.
.
.

Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

  • ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ – БРЗ ПРИСТАП ДО ПАРИ Новина од Комерцијална банка за клиентите

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку , да добијат и за кратко време да ги имаат . Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот , создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.

223 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Oct 15:19 -> 22-Oct 16:42
.
.
.
.

ГРЦИ, ВЛОЖУВАЈТЕ КАЈ НАС, ДОГОДИНА ЌЕ БИДЕМЕ БРОЈ 1 НА БАЛКАНОТ! Силна порака на вицепремиерот Николоски во Солун

  • Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

198 (4) ■ сцена > култура ■ 23-Oct 09:48 -> 23-Oct 13:42
.
.
.
.

На Славе Ѓорѓо Димоски денескa ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“

  • Доделување на државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.