1 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 22-Jun 19:24
.
.
.
.

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

  • Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

  • СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за „Понижена Македонија“

  • Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“.

По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближи до ЕУ, туку се оддалечи од секоја стратешка насока.

2 (41) ■ вести > свет > еу ■ 21-Jun 01:42 -> 22-Jun 22:15
.
.
.
.

Oва се главните нуклеарни локации на Иран

  • (Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

  • САД нападнаа три ирански нуклеарни постројки, Трамп му порача на Иран дека мора да склучи примирје

  • Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

Американската војска нападна утрово три цели во Иран – Натанз, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за која Техеран тврди дека е исклучиво за цивилни цели.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран – Фордоу, Натанц и Исфахан – и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави.

Фото: Пекселс Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.

11 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 12:57 -> 22-Jun 19:26
.
.
.
.

Мицкоски: Некои политичари во Брисел повторно се обидуваат да го преформулираат македонскиот јазик и идентитет

  • Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува силна порака од Европскиот парламент во врска со македонскиот идентитет и јазик, откако во последните денови доби вознемирувачки информации дека одредени политичари повторно се обидуваат да „нанесат удар врз македонскиот јазик и идентитет“.Мицкоски, кој денес учествуваше на отворањето на реконструираниот регионален пат „Понов Мост-Богданци“, одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека откако добил информации за силната активност на одредени политичари во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го ублажат ударот што некој повторно сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик.„Успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека некако успеавме да го ублажиме ударот што некој повторно сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, формулирајќи го, објаснувајќи го со модерен или сегашен, само за да се обиде да создаде нова нација, и на овој начин да го поткопа кредибилитетот на самата ЕУ.“„За жал, има такви членови во Европскиот парламент, но за наша среќа огромното мнозинство таму стои зад нашите аргументи.

Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик.

12 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 11:37 -> 22-Jun 18:45
.
.
.
.

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци

  • Николоски: Со изградбата на патот Гевгелија - Богданци ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија

Фото: Влада Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци.

Изградбата на патниот правец Гевгелија – Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци.

Повеќе од
оваа категорија

13 (20) ■ спорт > фудбал ■ 21-Jun 08:13 -> 22-Jun 20:09
.
.
.
.

Вардар во новата сезона ќе ја брка двојната круна, долговите се минато, клубот ќе има буџет од 3,5 милиони евра!

  • Вардар поразен на контролката против Олимпија Љубљана

  • Закариќ го продолжи договорот со Вардар

Вардар во Раденци, Словенија, ги одржува подготовките за наредната сезона, додека фудбалерите макотрпно работат, брифинг со новинарите одржа претседателот на клубот, Миленко Неделковски кој информираше за актуелните случувања во клубот и амбициите за наредната сезона.

По победата над Будуќност, Вардар денеска ја имаше втората пријателска средба во подготвителниот период, противник на македонскиот тим беше словенечкиот шампион.

Босанскиот интернационалец Горан Закариќ го продолжи договорот со ФК Вардар за уште една година, откако денеска се обврза да остане член на Црвено-црните до јуни 2026 година.

Повеќе од
оваа категорија

45 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

106 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 22-Jun 11:15
.
.
.
.

ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

  • ▷ Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

Од: А1он Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика.