Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види каков потреби имаат и како ќе може да им се помогне, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Republika
Министерот истакна дека условите во Пониква се добри, со пријатна температура и активности на отворено како дел од психофизичката рехабилитација на повредените.
Во однос на последиците од трагедијата во Кочани, Алиу најави дека Министерството за здравство подготвува долгорочна програма за поддршка на градот, која нема да се фокусира само на повредените, туку ќе биде насочена и кон целата заедница. 4news