1 (165) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 27-Sep 16:14
.
.
.
.

Мицкоски: Унгарија е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ и наше полноправно членство

  • Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство, заклучи премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Охрид со унгарскиот колега Виктор Орбан.

Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

2 (20) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 10:09 -> 27-Sep 15:18
.
.
.
.

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна

  • Околу 140 ученици од ОOУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење, кујната во училиштето е затворена

  • Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна.

Околу 140 ученици од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром денеска не се на настава, а наставниците пријавиле дека сите тие се со стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски” во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

7 (121) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 27-Sep 15:29
.
.
.
.

Израел се закани дека ќе го напаѓа Хезболах со „цела сила“

  • Израел го обвини Гутереш дека не прави ништо за да ги спречи нападите на Хезболах

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Израел се закани дека ќе го напаѓа Хезболах со „цела сила“ откако повиците за примирје беа отфрлени.

Израел во вторникот го обвини генералниот секретар на ОН дека не прави ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат ноќен кошмар“ кој се заканува да го однесе и Либан во хаос.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либански Хезболах во последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

8 (6) ■ вести > балкан > регион ■ 27-Sep 15:06 -> 27-Sep 16:16
.
.
.
.

Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо

  • Словенечката министерка со македонско потекло даде оставка под притисок на јавноста

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

13 (4) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 15:08 -> 27-Sep 15:52
.
.
.
.

Одржан координативен состанок за одронот и потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести

  • Координативен состанок за одронот и потпорниот ѕид кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести- Скопје

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денска одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам – соопшти ЦУК.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов деенска одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, соопшти ЦУК.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

166 (6) ■ бизнис > финансии ■ 25-Sep 08:30 -> 27-Sep 15:57
.
.
.
.

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ДЕЛУВА САМОСТОЈНО Банката е сигурна, стабилна и со позитивни финансиски резултати

  • Зошто пропадна обидот на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола?

Согласно добиеното Решениe од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр. УП 1/РА1 10-66 од 27.9.2024 година, а во врска со понудата на Комерцијална банка АД Скопје за преземање акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола, Банката ги известува клиентите и пошироката јавност дека понудата се утврдува за нeуспешна, а Банката продолжува да функционира како самостоен правен субјект, како и до сега, со сите редовни активности.

Комерцијална банка нема да ја купи Стопанска банка Битола која ќе продолжи да работи самостојно, откако понудата за преземање не беше прифатена од доволен број акционери на битолската банка.

284 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.