1 (8) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 20-Mar 22:21 -> 20-Mar 22:57
.
.
.
.

Кумановец загина во експлозија на плинска боца

  • ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА ВО КУЌА ВО КУМАНОВО Починато е едно лице

Шеесетгодишен маж загина во четвртокот вечерта при експлозија на плинска боца што вечерва се случила во кумановката населба „Перо Чичо“.

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.

3 (18) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Mar 19:14 -> 20-Mar 21:00
.
.
.
.

Приведени се тројца екс градоначалници на Кочани - Папазов, Илијев и Димитровски

  • Уапсени тројца градоначалници на Кочани!

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите претходници Николчо Илијев ОД СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО- ДПМНЕ вечерва се приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс, дознава Канал 5... Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски вечерва се приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс, дознава Канал 5... Информацијата е потврдена од извори во МВР, а од Јавното обвинителство соопштија дека во тек е акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност која ќе трае во текот на ноќта, а повеќе инфомрации Обвинителството ќе соопшти по нејзиното завршување во текот на утрешниот ден..

Попладнево се уапсени тројца градоначалници од Општина Кочани, јавува ТВ21.

5 (51) ■ вести > свет > регион ■ 18-Mar 22:20 -> 20-Mar 21:00
.
.
.
.

Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот

  • Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу

  • Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул

  • Притворениот градоначалник на Истанбул Имамоглу ја повика нацијата да се спротивстави на „злото“

Илјадници луѓе се собраа денеска втора ноќ по ред пред градското собрание на Истанбул во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.

12 (4) ■ вести > свет ■ 19-Mar 15:41 -> 20-Mar 22:03
.
.
.
.

Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна

  • Макрон ќе им подели на Французите прирачници за преживување: Сакам да бидеме подготвени

Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми.

Француската влада наводно планира да испрати прирачник за преживување до секое домаќинство во земјата со упатства како да се подготват за непосредна закана, вклучувајќи вооружен конфликт, здравствена криза или природна катастрофа, пишува . Доколку биде одобрена од премиерот Франсоа Бајру, брошурата од 20 страници ќе биде испратена до домаќинствата пред летото, објавија француските медиуми.

13 (69) ■ вести > свет ■ 18-Mar 07:20 -> 20-Mar 20:29
.
.
.
.

По новите руски напади, Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани

  • Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните

  • Зеленски: Киев тестира борбени беспилотни летала кои можат да го досегнат Сибир

  • Во Русија слават победа по телефонскиот разговорот Трамп-Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност.

Украина успешно тестираше борбено беспилатно летало со дострел од 3.000 километри, тврдеше во понеделникот ноќта украинскиот претседател Володомор Зеленски.

Судејќи според некои од денешните наслови во Русија, Москва смета дека последниот телефонски разговор меѓу претседателите Путин и Трамп поминал добро – секако за Кремљ, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија