Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат.
На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, прашан да ја искоментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев. Vecer
Нашите стари рекле, помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат.
Еве, имаат можност да покажат дека е вистина тоа што го зборуваат – на 26 јуни, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент се наоѓа извештајот за Македонија. Plusinfo
Премиерот ја потенцираше потребата бугарските европратеници да ги повлечат амандманите кои бараат македонскиот идентитет да се опише како 'сегашен'. Потенцирајќи го значењето на европските вредности, изрази надеж дека извештајот ќе биде усвоен без пречки.
Исто така, повика на разговори во рамките на состанокот на НАТО во Хаг за тековни прашања како Коридорот 8. Во истиот контекст, претседателот Радев, на средбата во Тирана со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ја истакна позицијата на Бугарија дека нема да поставува услови над договорените рамки за добрососедство и соработка. Vecer