На состанокот во посебна сесија на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка одлучи, со сила од веднаш, да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и да потврди нашата полна заедница со нејзините хиерарси, свештеници и верници.
На вонредна седница одржана на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка (ПЦА) донесе историска одлука: да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката стапи на сила веднаш и подразбира целосно евхаристиско и канонско општење со сите архијереи, свештеници и верници на МПЦ-ОА. Оваа значајна одлука беше соопштена на целата од страна на Неговата Блаженост, Митрополитот Тихон, во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој се одржува оваа недела во Финикс, Аризона.