1 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Nov 16:27 -> 18-Nov 16:36
.
.
.
.

Мицкоски од Приштина: Предолго регионов потроши време на политички прашања, време е да ги решаваме економските прашања

  • Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина

  • Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра

  • Курти: Северна Македонија и Косово немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот се договорени денеска во Приштина, на втората заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Владите на Македонија и на Косово денеска напладне во Приштина ќе одржат заедничка седница.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Северна Македонија и Косово немаат никакви несогласувања, изјави косовскиот премиер Албин Курти на почетокот на говорот на заедничката меѓувладина седница со македонската влада денеска во Приштина.

2 (5) ■ бизнис > македонија ■ 18-Nov 16:05 -> 18-Nov 18:00
.
.
.
.

Lyca Mobile од денеска станува МТЕЛ: Поквалитетни услуги и проширена понуда за сите корисници

  • МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешно го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешното го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.

9 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Nov 16:09 -> 18-Nov 17:09
.
.
.
.

Кривична пријава против 25 вработени во МВР за несовесно работење во службата

  • Кривична пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353-в од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

35 (25) ■ спорт > фудбал ■ 17-Nov 19:30 -> 18-Nov 18:04
.
.
.
.

Муамед Сејдини поднесе оставка – ФФМ во декември ќе избира нов претседател

  • Сејдини се повлече од ФФМ, Вонредно Собрание на 22. декември

  • Сејдини: Ја напуштам оваа позиција со гордост, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал

На 22 декември, на вонредно собрание, Фудбалската федерација на Македонија ќе бира наследник на Сејдини по неговата денешна оставка.

Онака како што беше најавено изминатиов период, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вечерва поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

Повеќе од
оваа категорија

211 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Nov 11:38 -> 16-Nov 12:07
.
.
.
.

Намален откупот на земјоделски производи за 14,4 отсто

  • Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2024 година се намалиле откупот и продажбата на земјоделски производи во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %. Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи./МИА.