Оттаму појаснуваат дека во CEFTA Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу зелениот картон, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на зелениот картон како документ за влез со моторни возила во државите од CEFTA.
Од Битото сметаат дека е непрактична идејата за укинување на зелениот картон само за државите од CEFTA бидејќи граѓаните ќе користат зелен картон за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на бироа-Брисел. Plusinfo