Неверојатна војна во пораки се одвиваат вечерва помеѓу довчерашните пријатели и соработници - Елон Маск и Доналд Трамп.Обвинувањата фрчат од едниот кон другиот со барања за импичмент на Трамп и замена со ЈД Венс, со тоа дека Трамп го има во досиејата на излогласениот Џефри Епстајн.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако сопственикот на Тесла го критикуваше новиот закон за трошење.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е изненаден од острите критики на Илон Маск за големиот закон за даноци и буџет на неговата администрација, познат како „големиот, прекрасен закон“.
Елон Маск го нападна потписничкиот закон за даноци и трошоци на претседателот Доналд Трамп, опишувајќи го како „одвратна гнасотија“, во растечкиот јаз меѓу двајцата довчерашни блиски соработници, објави Би-би-си. Технолошкиот милијардер објави на X дека законот ќе го зголеми буџетскиот дефицит на САД и ќе ги оптовари Американците со „уривачки“ долг.