Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор.
До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи.
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна на барањата од страна на пензионерите околу прашањето за линеарното зголемување на пензиите, најавувајќи ново зголемување во следните 6 месеци.
Ако цената е асимилација, благодарам, но не сакам, а како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене и да прифатам нешто без да знам дека ќе има јасен крај“, вели премиерот Христијан Мицкоски во гостување на емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ. Мицкоски вели оти тој лично не сака да ја плати таа цена оти мисли дека е преголема, без притоа да има испорака и од македонска и од бугарска страна.