Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, вели дека се нападнати повеќекатници и приватни станбени згради, образовни и инфраструктурни објекти.„Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“, изјави тој.
Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната, со речиси 60 експлозии што одекнале во градот за час и половина.