1 (9) ■ вести > македонија ■ 17-Mar 07:44 -> 17-Mar 08:46
.
.
.
.

Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

  • Д-р Димитров: Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“, нивната состојба е тешка

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“.

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА.

9 (25) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Mar 14:51 -> 16-Mar 20:15
.
.
.
.

Мицкоски: Нема да има милост кон никого, од утре почнува робусна акција за проверка на сите угостителски објекти

  • Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија, Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива

  • Мицкоски: Протестите во Србија се внатрешно прашање

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани.

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас, вели премиерот Христијан Мицкоски.

10 (22) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 13:45 -> 17-Mar 08:54
.
.
.
.

Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун, двајца веќе се оперирани

  • Во Грција ќе бидат хоспитализирани 18 повредни со изгореници во пожарот во Кочани

  • Тројцата повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун

Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина.

Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Атина.

11 (28) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Mar 10:21 -> 17-Mar 08:40
.
.
.
.

Обвинителството бара притвор за десет лица

  • Коцевски: Гарантирам брза истрага, ги утврдуваме причините и одговорноста за пожарот

  • Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски гарантира брза и темелна истрага по ужасниот пожар во која загинаа над 50 луѓе.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.

12 (29) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 09:54 -> 16-Mar 20:04
.
.
.
.

Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници

  • Таравари: 18 пациенти се во критична состојба

  • Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информираше јавноста дека 18 од хоспитализираните пациенти се во критична состојба.

Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош.

14 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Mar 12:08 -> 16-Mar 14:54
.
.
.
.

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател

  • Филипче изрази сочуство: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

  • Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

  • ФИЛИПЧЕ: Сите сме свесни за големото незадовлство од судството, но со притисоци довербата од 2 отсто ќе му падне на нула

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната трагедија во Кочани.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека најавите на премиерот дека со партиски протести наводно ќе се бори против партизираното судство се оксиморон и доказ дека целта е само партизација односно ставање на судството под капа на власта.

Заканите на премиерот Христијан Мицкоски дека на судството ќе му се случи народ е порака дека тој признава судство само по своја мерка и не сака ниту подобро, ниту независно судство.

Повеќе од
оваа категорија

8 (34) ■ спорт > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:14 -> 16-Mar 20:44
.
.
.
.

Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

  • Шкупи: Лазаров е на интензивна нега, но е вон животна опасност

  • Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи е во болница со изгореници!

  • Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Откако беше објавено дека , фудбалерот на беше меѓу присутните во дискотеката во Кочани, во која ноќва избувна пожар, неговиот клуб ја информираше јавноста сè со цел да се стави крај на сите шпекулации кои кружат на социјалните мрежи.

По неверојатната трагедија која што се случи ноќва во дискотека во Кочани, голем број родители, пријатели и роднини со објави на социјалните мрежи бараат какви било информации за исчезнати лица.

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани.

33 (22) ■ спорт > фудбал ■ 15-Mar 10:16 -> 15-Mar 16:46
.
.
.
.

Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ

  • Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното

  • Новото раководство на ФФМ затекна долг од ЕДЕН милион евра!

Масар Омерагиќ денес со акламација е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Масар Омерагиќ, единствениот кандидат за четиригодишен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното Изборно собрание се осврна на состојбата која ја затекна од неговото доаѓање во „Куќата на фудбалот“ на 22 декември 2024 година - По речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено, искрено и одговорно.

Фудбалската федерација на (ФФМ) денеска го одржа своето Редовно изборно генерално собрание.

Повеќе од
оваа категорија