Откако американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски влегоа во вербална расправија за време на средбата во Белата куќа, Трамп се консултираше со своите најблиски соработници, по што му порача на Зеленски да си замине, пренесува Си-Ен-Ен. „Трамп се консултираше со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесант и други врвни советници по драматичната пресметка во која Трамп и Венс го обвинија Зеленски дека покажал неблагодарност за американската помош“, рече претставник на Белата куќа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка.
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на шефот на украинскиот режим, Володимир Зеленски, кој отпатува во Вашингтон, дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија.