1 (130) ■ вести > свет ■ 27-Feb 07:18 -> 01-Mar 09:29
.
.
.
.

Украинската амбасадорка во САД „пропаѓа во земја“ за време на кавгата на Трамп и Зеленски

  • Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп

  • Трамп ја отфрли молбата на британскиот премиер за безбедносни гаранции за Украина

  • Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, го покри лицето со рака додека ја гледаше дебатата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка.

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на шефот на украинскиот режим, Володимир Зеленски, кој отпатува во Вашингтон, дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија.

11 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 28-Feb 08:52 -> 28-Feb 18:52
.
.
.
.

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје

  • Премиерот Мицкоски остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство

  • Мицкоски во Турција на средба со Ердоган, ќе биде потпишана политичка декларација за основање Совет за соработка

  • Мицкоски: Во претседателот Ердоган гледам голем поддржувач и пријател

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.

Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на неговиот Фејсбук профил.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прс-служба.

Турција е државата со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата, заеднички интереси и одлични односи на македонскиот и турскиот народ, на македонските граѓани и на турските граѓани, истакна премиерот Христијан Мицкоски, за време на својата прва официјална посета на Турција.

14 (62) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Feb 12:22 -> 28-Feb 21:54
.
.
.
.

Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа

  • ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славјанка Петровска од СДС да глуми жртва

  • Спасовски: Бараме министерката Кочовска веднаш јавно да се извини за навредите и дискриминацијата

  • Димитриеска Кочоска: Најмалку од сите имате право да коментирате за трошоци и за патни трошоци

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа.

„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ – Оливер Спасовски најостро ја осуди денешната, како што ја нарече, срамна, навредлива и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, упатена кон пратеничката Славјанка Петровска.

Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 проценти, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

86 (5) ■ бизнис > економија ■ 28-Feb 14:18 -> 28-Feb 21:18
.
.
.
.

Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП

  • Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал

Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка.

Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка.

130 (4) ■ бизнис > економија ■ 28-Feb 12:50 -> 28-Feb 14:06
.
.
.
.

Петрова: Нема некое отстапување во генералните тенденции за исплата на платите

  • Нема отстапувања при исплата на платите, вели директорката на УЈП

Исплатата на платите од почетокот на годинава оди вообичаено и нема некое отстапување во генералните тенденции колкава е навременоста на поднесувањето на пресметките за плата и навремената исплата на бруто платата, како и колкава е тенденцијата на задоцнетата исплата на бруто плата, посочи директорката на Управата за јавни приходи (УЈП0 Елена Петрова на средбата со новинарите.

Исплатата на платите од почетокот на годинава оди вообичаено и нема некое отстапување во генералните тенденции колкава е навременоста на поднесувањето на пресметките за плата и навремената исплата на бруто платата, како и колкава е тенденцијата на задоцнетата исплата на бруто плата, посочи директорката на Управата за јавни приходи (УЈП0 Елена Петрова на средбата со новинарите.

23 (30) ■ сцена > шоу биз ■ 27-Feb 09:39 -> 01-Mar 09:40
.
.
.
.

Смртта на актерот Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“

  • Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

  • Хекман и сопругата можеби биле мртви со седмици, вели шерифот на Санта Фе

  • Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви покрај нивното куче

Смртта на американскиот глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава е „сомнителна“, според истражителите.

Оскаровецот Џин Хекман, неговата сопруга и нивното куче вчера биле пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико, пишува Од полцијата изјавија дека нема непосредни индикации за насилство, но, не е наведена причината за смртта, ниту пак кога двојката починала.

Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви неколку дена, а веројатно и неколку седмици, пред да бидат пронајдени нивните тела во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, изјави во петокот шерифот на округот.

Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава, се пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико, пишува The Sun.