1 (8) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 14:09 -> 18-Mar 23:22
.
.
.
.

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина

  • Тројцата повредени кои се хоспитализирани во Атина се во релативно добра состојба

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Тројцата повредени, кои во текот на ноќта од Скопје со авион C-27 на грчкото воздухопловство беа префрлени во Атина и хоспитализирани во Општата воена болница 401 – според информациите на дописничката на МИА од Атина, се во релативно добра состојба.

2 (43) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-Mar 08:30 -> 18-Mar 17:18
.
.
.
.

Ниту ВМРО, ниту свети ВМРО нема да му помогнело на градоначалникот на Кочани ако имал вина, тврди премиерот

  • Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

  • Мицкоски: Ќе одговараат сите што се огрешиле, од дома за уши ќе ги вадиме!

  • МИЦКОСКИ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Ќе бидат покриени трошоците на два члена од семејствата за да ги посетат лицата кои се хоспитализирани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање дали градоначалникот на Кочани ќе сноси одредена одговорност во врска со пожарот во дискотеката, најави дека истражните органи во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината.

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите.

Во случајот нема политика и ќе одговараат сите коишто се обиделе да водат политика врз грбот на граѓаните и на животите што ги изгубија децата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Секој што бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор и да побара консултација без разлика дали чувствува или не чувствува било какви тегоби или било какви проблеми, апелира премиерот Христијан Мицкоски.

3 (28) ■ вести > македонија > регион ■ 18-Mar 08:24 -> 18-Mar 13:30
.
.
.
.

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

  • Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни работи ќе ги посетат повредените во Солун

  • Муцунски од Солун ѝ се заблагодари на Грција за помошта и посочи дека солидарноста не треба да се заборави

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Солун по посетата на повредените од пожарот во Кочани, хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Грција.

6 (6) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-Mar 18:40 -> 18-Mar 22:25
.
.
.
.

▷ Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани

  • Да не се откажуваат часовите: Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите.

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани.

7 (21) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 13:17 -> 18-Mar 17:21
.
.
.
.

ПОВЕЌЕ РАЗРЕШУВАЊА ВО МВР: Тошковски донесе одлука да бидат разрешени 6 началници и еден командир во Штип и Кочани

  • Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

  • Тошковски смени полициски началници и командири во Штип и Кочани

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања, објави порталот Курир.

Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Поради несреќата во дискотеката во Кочани, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за ослободување од должност на раководители, заменици и команданти во Штип и Кочани, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

11 (20) ■ вести > свет ■ 17-Mar 23:09 -> 18-Mar 23:18
.
.
.
.

Бела куќа: Хамас ја избра војната со одбивањето да ги ослободи заложниците

  • Израелски воздушни напади во Газа: Најмалку 200 загинати, стотици повредени

  • ВИДЕО: Прекин на примирјето во Газа, над 320 мртви во израелските напади

Белата куќа соопшти дека групата Хамас избрала војна со тоа што одбила да ги ослободи заложниците во Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.

Најмалку 200 лица загинаа во израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти, откако рано утрово беа погодени десетици цели во енклавата.

Израелската војска соопшти дека нападнала цели низ Газа рано утринава, ставајќи крај на повеќенеделниот ќор-сокак околу продолжувањето на примирјето што ги прекина борбите во јануари, при што палестинското Министерство за здравство извести за најмалку 320 смртни случаи.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

159 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.