1 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Mar 07:18 -> 30-Mar 17:15
.
.
.
.

Мицкоски: Не бегаме од никаква Анкетна комисија, но би сакале да ја прошириме и за останатите случаи освен за Кочани

  • Таравари смета дека лидерската што ја предлага Филипче би била само губење време

  • Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба, ДУИ условува

  • Таравари: Лидерска средба би било само губење на време

Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, претпоставувам ниту пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме со сите овие останати судски случаи кои завршија на начин на кој завршија.

Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, вели Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, а во врска со предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.

Петседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, денеска се осврна на предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање лидерска средба.

4 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Mar 09:40 -> 30-Mar 16:00
.
.
.
.

Петрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати

  • ВМРО-ДПМНЕ: На Деановски од УПОЗ и на Трендафилов од ССМ не им е грижа за работниците

  • Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

На Трпе Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, не им е грижа за работниците, туку за милионските суми кои ги земаат од граѓаните во вид на плата и додатоци, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

10 (22) ■ вести > свет ■ 29-Mar 00:03 -> 30-Mar 22:09
.
.
.
.

Нилсен: САД нема да го добијат Гренланд

  • Путиновата поддршка за Трамповото преземање на Гренланд ја одразува нивната визија за нов светски поредок

  • Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не исклучувам воена сила

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен на Фејсбук одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат контролата врз островот.

Додека Џеј Ди Ванс слета во Гренланд, администрацијата на Трамп доби неочекувана поддршка за првото потенцијално територијално проширување на САД од 1947 година: од Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата одби да ја отфрли можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија која постојано ги отфрла неговите обиди.

11 (32) ■ вести > свет ■ 29-Mar 08:13 -> 30-Mar 21:38
.
.
.
.

Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица

  • Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

  • Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар се искачи на повеќе од 1 000, продолжува потрагата по преживеани

  • (ФОТО) Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар надмина 1.000

Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок.

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.

Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди Мјанмар достигна повеќе од 1 000 додека спасувачите пребаруваат преживеани низ урнатините, пишува „Гардијан“.

Бројот на загинати по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер што го погоди Мјанмар надмина 1.000.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија