1 (46) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 10:06 -> 14-Nov 17:09
.
.
.
.

Се испрашуваат лица кои можеби имаат сознанија за експлозијата во куќата на Раде Штекли

  • НОВ ОБИД ЗА ЛИКВИДАЦИЈА: Раде Трајковски Штекли е повредениот во денешната експлозија на бомба во скопска Ќерамидница?

  • Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

  • ПОВРЕДЕНИОТ ШТЕКЛИ Е ВОН ЖИВОТНА ОПАСНОСТ Полицијата врши увид по експлозијата во Ќерамидница

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија во врска со експлозијата во семејна куќа во Керамидница во која беше повредено едно лице.

Раде Трајковски Штекли наводно е повреденото лице по експлозија на бомба која денеска се случи во скопската населба Ќерамидница, јавуваат дел од медиумите.

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски службеници го започнаа увидот по експлозијата на бомба во дворот на Раде Трајковски Штекли во скопска Ќерамидница, додека тој е во болница и не е состојба.

2 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 14-Nov 17:12
.
.
.
.

МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Минување на црвено светло, непрописно паркирање и возење со поголема брзина од препорачаната ќе бидат регистрирани со „Сејф сити“, најави Тошковски

  • Тошковски: Покрај начеканата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат

  • Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Министерот за внатрешни работи во Владата учествуваше во платформата „100 отсто посветено за тебе“, каде што за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата Министерот Тошковски уште еднаш потенцира дека бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата е еден од главните приоритети на новата Влада и на МВР бидејќи тие го поткопуваат функционирањето на општеството и ја креираат недовербата на граѓаните во функционирањето на институциите и самата држава.

Министерот за внатрешни работи денеска (14.11.2024) во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

4 (115) ■ вести > свет ■ 12-Nov 07:30 -> 14-Nov 17:48
.
.
.
.

Маск почнува да му пречи на тимот на Трамп, се однесувал како копретседател

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

  • Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон

  • Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

Технолошкиот милијардер Илон Маск постигна голема победа кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп објави дека извршниот директор на Tesla и SpaceX ќе го води новиот „Оддел за владина ефикасност“ со Вивек Рамасвами.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден.

5 (25) ■ вести > македонија ■ 12-Nov 06:06 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, зад бројките стои нов концепт

  • Премиерот не открива која е банката која прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите од унгарскиот заем, повеќе детали ќе открие по средбата со македонските банкари

  • Димитриеска Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, следува ревизија и одговорност

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше на новинарите да им открие која е банката која прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информација која вчера ја сподели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.

8 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 07:31 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

За опозицијата, Предлог-буџетот е неразвоен, скратени се средства за енергетиката ....

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (ВИДЕО) Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

  • ▷ Прекината седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

Повеќе од
оваа категорија

35 (7) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 16:52
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ богато ќе ги награди националните селекции кои се пласираа на континтенталните натпреварувања

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Ракометната Федерација на Македонија богато ќе ги награди националните селекции кои успеаа да обезбедат пласман на континенталните натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

15 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.