Printscreen / ВМРО - ДПМНЕ Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем.
ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили ги покануваат своите членови на 34-тата годишна Конференција на УМС под мотото „34 години постоиме за младите“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во 18 часот и 30 минути ќе се обрати на 34. годишна конференција на партиската Унија на млади сили (УМС) што ќе се одржи попладнево во Велес.
Интегрален текст од говорот на Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на конференцијата на УМС: Почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и претседател на Владата на Република Македонија, професор доктор Христијан Мицкоски Почитувани членови на Извршниот и централниот комитет на партијата и УМС, почитувани членови, гости, пријатели, Браќа и сестри, Добар ден и добредојдовте на 34-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија – младината која е носител на промените, на македонската гордост и непокор, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!