Израелската армија соопшти дека Израел е во состојба на готовност за поширок конфликт откако објави дека го убила лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала во Бејрут.
Борбите меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах продолжија и вчера, а досега се убиени стотици луѓе и десетици илјади се раселени во Либан откако Израел почна со масовното бомбардирање пред четири дена.
Израелската армија соопшти дека шефот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен вчера во воздушен напад во Бејрут.
Вооруженото движење Хезболах потврди дека нивниот повеќедецениски лидер Хасан Насрала е мртов.