Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда.
Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.
Следете во живо изрекувањето на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, која, по речиси осум месеци судење во Основниот кривичен суд Скопје, ќе биде објавена денеска.
Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев се осудени на единствена казна доживотен затвор за грабнување и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.