Во својата прва јавна проповед во последните пет години, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го прогласи за легитимен нападот на 7 октомври во кој загинаа над 1.200 Израелци, . Говорејќи на петочната молитва во џамијата Голема Мосала во центарот на Техеран, Хамнеи го опиша нападот на 7 октомври како „минимална казна“ што Израел ја заслужува за, како што рече, неговите „зачудувачки злосторства“.
Советот за безбедност на ОН синоќа изрази целосна поддршка за генералниот секретар Антонио Гутереш, откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи за “персона нон грата” во Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.