1 (3) ■ вести > македонија ■ 17-Nov 13:04 -> 17-Nov 13:24
.
.
.
.

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование

Предлог-буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон подобрување на условите за учење, студирање и живот на младите.

8 (7) ■ вести > македонија ■ 17-Nov 11:12 -> 17-Nov 12:53
.
.
.
.

„Тестни се“ – Бесплатно тестирање за ХИВ неделава во „Сакам да знам“

  • Европска недела на ХИВ тестирање – „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

По повод Европската недела на ХИВ тестирање која трае од 18 до 25 ноември, Младинскиот центар „Сакам да знам“ организира бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и други сексуални преносливи инфекции.

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.

Повеќе од
оваа категорија

30 (23) ■ спорт > фудбал ■ 15-Nov 21:35 -> 17-Nov 12:05
.
.
.
.

УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово

  • Османи: Косово не може да ги исполни обврските од дијалогот се додека Србија не преземе никакви чекори

  • Натпреварот Романија - Косово прекинат поради напуштање на теренот на гостинските фудбалери

Европската фудбалска асоцијација отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, смета дека нејзината земја може еднострано да ги спроведе Бриселскиот и дополнителниот Охридски договор ако добие три гаранции од меѓународните партнери – безбедноста, нови признавања на независноста и членство во меѓународни организации.

Натпреварот од Лигата на нации Ц-сегмент меѓу Романија и Косово синоќе не го дочека својот крајот.

129 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Nov 11:38 -> 16-Nov 12:07
.
.
.
.

Намален откупот на земјоделски производи за 14,4 отсто

  • Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2024 година се намалиле откупот и продажбата на земјоделски производи во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %. Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи./МИА.